🎥 КОМЕНТАРОТ НА ХАЛАНД ЗА СОПСТВЕНАТА СКУЛПТУРА СТАНА ХИТ НА ИНТЕРНЕТ Некој со часови ќе се мачи со вајање, а Ерлинг ќе напише само еден збор

Уметник со часови изработувал глинена скулптура на норвешкиот фудбалер, а добил коментар од само еден збор – токму како што очекувал

0

Уметникот познат како Џеј Д Клеј (Jay the Clay) изработил глинена скулптура на Ерлинг Халанд, а видеото од процесот брзо станало вирално на социјалните мрежи. Снимката стигнала и до самиот норвешки фудбалер, кој реагирал со коментар од само еден збор.

Откако видеото се проширило на интернет, Халанд го забележал и во коментарите напишал кратко: „Nice“ („Убаво“).






Овој кус одговор го воодушевил и авторот на скулптурата и илјадници фудбалски навивачи. Се чини дека уметникот токму тоа и го очекувал, па во описот на видеото на шега напишал:

– Поминуваш часови изработувајќи фигура, а потоа типот што се вика Ерлинг само ќе напише ‘nice’.

На крајот, токму тоа и се случило.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Art Daily Dose (@art_dailydose)

Реакцијата на Халанд е дел од интернет-феномен што самиот го создаде во последните неколку години. Напаѓачот на Манчестер Сити е познат по тоа што на социјалните мрежи остава исклучително кратки коментари, најчесто само „Nice“, а понекогаш и „Not nice“.

Неговите коментари можат да се најдат под најразлични објави – од фудбалски видеа и спортски мемиња до вирални снимки кои воопшто не се поврзани со спортот.

Таквиот начин на комуникација стана многу популарен на Инстаграм и Тик-Ток, па корисниците денес намерно го означуваат Халанд во своите објави со надеж дека ќе го привлечат неговото внимание.

Она што започнало како низа случајни коментари, со текот на времето се претворило во интернет-шега што и самиот Халанд ја прифатил.

Неговиот препознатлив „Nice“ можел да се види под преработки на навивачки песни, спортски мемиња, па дури и под роденденската објава на неговата девојка. Токму затоа овој едноставен збор стана негов заштитен знак на интернет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erling Braut Haaland (@erling)

Поврзани содржини