БИВШАТА СОПРУГА НА СЛАВНИОТ АКТЕР ЗА НЕГОВАТА НОВА ЉУБОВ ДОЗНАЛА ОД МЕДИУМИТЕ Хрватскиот крал на сапуниците се развел под 40 години брак

Хрватскиот актер Жарко Радиќ и неговата долгогодишна сопруга Снежана поминале четири децении во брак и имаат два сина, а животот подоцна ги однел на различни страни на светот

136

Познатиот хрватски актер Жарко Радиќ, кого публиката го памети по бројни популарни серии како „Villa Maria“, „Ruža vjetrova“ и „Kud puklo da puklo“, денес ужива во долгогодишната врска со Естера Шимек. Нивната љубовна приказна започнала во 2007 година, но во тоа време актерот сè уште бил во брак со својата сопруга Снежана.

Радиќ и Естера во почетокот ги поврзувала работата. Во периодот кога актерот многу време поминувал во Хрватскиот народен театар во Риека, тој започнал и сопствен бизнис. Во близина на театарот отворил салон за убавина „Set“, чие раководење ѝ го доверил токму на Естера. Професионалната соработка со текот на времето прераснала во блиско пријателство, а потоа и во љубов.






Во времето кога ја запознал Естера, Жарко сè уште бил во брак, но неговата сопруга Снежана веќе живеела на друг континент. По 40 години заеднички живот и две деца, синовите Огнен и Ведран, нивниот однос со текот на времето се променил, па сопружниците одлучиле секој да продолжи по својот пат.

Жарко ја запознал Снежана за време на студиите во Белград, а се венчале откако тој дипломирал. До 1991 година семејството живеело во Белград, по што се преселиле во Канада, каде што десет години граделе нов живот. Снежана работела како архитектка, додека Жарко се занимавал со продажба на мебел.

Подоцна актерот се вратил во родниот Сплит и повторно целосно ѝ се посветил на актерската професија, додека Снежана и нивните синови останале да живеат во Бостон. Разводната постапка таа им ја препуштила на своите адвокати, а според пишувањата на медиумите, за врската на Жарко со Естера дознала токму од медиумите. Кога започнале гласините дека Риечанката е новата жена во неговиот живот, актерот се нашол во прилично деликатна ситуација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Estera Simek (@esterasimek)

Иако не сакал јавно да го коментира љубовниот триаголник, набрзо станало јасно дека Естера го освоила неговото срце. За нивната врска тој пред неколку години отворено зборувал за „Story“, откривајќи дека и покрај долгогодишната љубов, не планирале да стапат во брак.

– Не се венчавме. Последните години живееме на релација Сплит – Риека – Загреб, а бидејќи и двајцата имаме многу работа, Естера работи во една позната осигурителна компанија, се трудиме секој слободен момент да го поминеме заедно – рекол тогаш Радиќ.

Актерот тогаш открил и дека двајцата многу сакаат да патуваат, но повеќе уживаат во поблиски дестинации.

– И двајцата сакаме патувања, но повеќе ни се допаѓаат поблиските дестинации, како Будимпешта и Рим. Штом ќе најдеме слободно време, ќе смислиме нешто друго – раскажал тој. Денес, речиси две децении откако нивната приказна започнала, Радиќ и Естера и понатаму се заедно, а неодамна повторно беа фотографирани заедно во Сплит, во таверната што ја отворил неговиот колега од серијата „Кумови“ Здравко Вукелиќ. Актерите ја овековечиле средбата со заедничка фотографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Konoba Tovar Split (@konoba_tovar)

 

Поврзани содржини