БИТОЛЧАНИ, СЕПАК, НЕМА ДА ГЛЕДААТ БУГАРСКА КОМЕДИЈА Претставата „Вражалец“ се откажува, никој не открива зошто

„Би сакале да ве известиме дека претставата ‘Вражалец’ која беше закажана на 1 февруари – гостувањето од Р. Бугарија на театарот ‘Мелпомена’ се откажува“, соопштија од БНТ, без да дадат детали кој ја откажува и зошто. 

542

Само еден ден по најавата дека бугарски комедијанти ќе гостуваат на сцената на Битолскиот народен театар, претставата „Вражалец“ се откажува, соопшти Битолскиот народен театар.

Претставата најавена за 1 февруари како дел од репертоарот на драмскиот куклен театар „Иван Радоев“ од Плевен, беше помогната од финансиерот на бугарските клубови во државата Милен Врабевски, како и од Министерството за надворешни работи на Бугарија и од Генералниот конзулат на Бугарија во Битола.






„Би сакале да ве известиме дека претставата ‘Вражалец’ која беше закажана на 1 февруари – гостувањето од Р. Бугарија на театарот ‘Мелпомена’ се откажува“, соопштија од БНТ, без да дадат детали кој ја откажува и зошто.

Најавата за гостувањето на бугарските комедијанти во Битола на социјалните мрежи беше протолкувана како уште една провокација од страна на Бугарија.

Поврзани содржини