БЕСПЛАТНО МЕРЕЊЕ ПРИТИСОК И СОВЕТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ГОРЕШТИНИТЕ Општина Центар постави штандови кај зелените пазари

Општина Центар е на терен со конкретни мерки - делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки, вели градоначалникот Горан Герасимовски.

0

Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот, соопшти локалната самоуправа.

– Општина Центар е на терен со конкретни мерки – делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат одговорни кон себе и кон своите најблиски – изјави градоначалникот Горан Герасимовски.






Во текот на денешниот и утрешниот ден инфо-штандовите ќе бидат поставени кај Зелен пазар и на пазарот „Буњаковец“.

На штандовите се врши бесплатно мерење на крвен притисок, а работат од 8:30 до 11 часот.

Инфо-штанд ќе биде поставен и во петок пред маркетот „Тинекс“ на пазарот „Буњаковец“, во истиот термин, каде граѓаните ќе можат да добијат здравствени проверки и совети за заштита од високите температури.

„Општина Центар будно ги следи препораките на здравствените институции и ќе продолжи да делува во согласност со нив, со цел заштита и поддршка на граѓаните за време на топлотниот бран“, соопшти Општината.

Поврзани содржини