📽️ АВТОМОБИЛ ПРЕВРТЕН НА КРОВ ВО АЕРОДРОМ Страшна сообраќајка кај Бисер, се претпоставува дека има повредени
Иако сè уште нема официјални информации од МВР, според она што може да се забележи на лице место, постои можност да има повредени лица. На терен се присутни полициски екипи и најверојатно и медицински тимови.
Страшна сообраќајна несреќа се случи вечерва во скопската населба Аеродром, на раскрсницата по трговскиот центар Бисер во правец кон Ново Лисиче.
Според снимки објавени на социјалните мрежи, во несреќата учествувале две патнички возила, од кои едното е речиси целосно уништено и превртено на кров. На терен има значителна материјална штета, а автомобилските делови се расфрлани по коловозот.
Иако сè уште нема официјални информации од МВР, според она што може да се забележи на лице место, постои можност да има повредени лица. На терен се присутни полициски екипи и најверојатно и медицински тимови.
Очекуваме повеќе детали во текот на вечерта.