АСПИРИНОТ МОЖЕ ДА ЈА ЗГОЛЕМИ СТАПКАТА НА ПРЕЖИВУВАЊЕ Кардиохирург советува како да си помогнете при инфаркт
Д-р Џереми Лондон е познат кардиолог – кардиохирург кој одговара на прашањата на пациентите на неговиот Тик-Ток. Меѓудругото, одговорил и на прашањето, зошто се зема аспирин при срцев удар.
„Срцев удар е блокирање на протокот на крв во крвните садови. Срцевиот мускул тогаш не прима крв, што го става тој мускул на голем ризик. По самата блокада се создава уште поголемо затнување кое дополнително го зголемува ризикот.
Земањето аспирин го намалува овој ризик и може да ја намали штетата во некои случаи.
Ако мислите дека имате срцев удар, веднаш јавете се на 911, а потоа изџвакајте 325 милиграми аспирин. Џвакајте, не голтајте. Џвакањето ќе го внесе во вашиот систем побрзо.
„Земањето аспирин може да ја зголеми стапката на преживување“, вели докторот.
Видеото и повеќе за ова ќе најдете ТУКА.