„ЈАС И ЛЕБРОН МОРА ДА ГИ ВОДИМЕ ЛЕЈКЕРС“ Дончиќ испрати порака по поразот од Орландо
Мислам дека јас и Леброн мораме да го водиме тимот. Очигледно е дека треба подобро да се снаоѓам, повеќе да разговарам. Зборував во првото полувреме, но не бев толку гласен во второто и тоа не треба да се случува, изјави словенечката кошаркарска суперѕвезда.
Словенечката суперѕвезда во редовите на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ не бегаше од одговорноста по поразот на Лејкерси од Орландо со резултат 118:106.
Дончиќ мечот го заврши со 32 поени, седум асистенции, исто толку скокови и една украдена топка за 38 минути на теренот.
– Мислам дека јас и Леброн мораме да го водиме тимот. Очигледно е дека треба подобро да се снаоѓам, повеќе да разговарам. Зборував во првото полувреме, но не бев толку гласен во второто и тоа не треба да се случува. Платени сме да го правиме ова. Не треба да има изговори. Во одреден момент, секој има тежок распоред. Важно е да видиме како играме. Едноставно мораме да бидеме подобри – изјави Дончиќ.
Лејкерси се петти на Западот со скор од 43 победи и 28 порази, а следен ривал ќе им биде Индијана на гости во четврток (00.30 часот).