АЛКАРАЗ ЗАГУБИ ОД КОРДА ВО ТРЕТОТО КОЛО ВО МАЈАМИ Светскиот тенисер број 1 изгуби од Американецот кој е на 36 место на АТП листата

217

Американскиот тенисер Себастијан Корда синоќа го победи Шпанецот Карлос Алкараз во третото коло на Мастерсот во Мајами.

Мечот траеше 2 часа и 19 минути и заврши со резултат 6:3, 5:7 и 6-4 во корист на Американецот.






Светскиот тенисер број 36, Корда, сервираше 12 аса, не направи двојни грешки и реализираше три од своите пет брејк топки. Алкараз, светскиот тенисер број еден, имаше два аса, две двојни грешки и реализираше две од своите пет брејк топки.

Во 2025 година, Алкараз загуби во второто коло на турнирот во Мајами, додека Корда загуби во четвртфиналето.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 9,4 милиони долари. 

Поврзани содржини