АКО СИ ХОМО, НЕМА НАЗАД ВО ХЕТЕРО Франција казнува со затвор и 45.000 евра

Казната се однесува на надрилекарот или човекот кој ќе го убеди ЛГБТ-лицето да се врати или преобрати во хетеросексуалец, а е поголема ако се работи за изманипулирано дете или ранливо лице.

898

Казна затвор до две години и 30 илјади евра, односно до три години и 45 илјади евра, може да ги снајде луѓето во Франција со новиот закон кој забранува некое лице од ЛГБТ заедницата да се преобрати, односно да се премисли и да биде хетеросексуалец, под менторство на надрилекар или некој што ќе го натера да го стори тоа. Казната се однесува на надрилекарот, а е поголема ако е изманипулирано дете или ранливо лице.

Пратениците оценија дека законот ќе се однесува на оние кои хомосексуалноста ја сметаат за болест и дека кога станува збор за хомосексуалноста, тука нема што да се лечи. Законот стапува на сила за 14 дена, откако ќе го потпише претседателот Емануел Макрон.






Инаку, ваквите надрилекарски терапии веќе се забранети во неколку американски сојузни држави и во Порторико.

Поврзани содржини