АКО НЕ СЕ ЛЕК, ТОГАШ СЕ ПОМОШ ПРИ ЛЕКУВАЊЕТО Лековити зачини и билки кои помагаат дури и за најтешките болести
Рузмаринот помага во детоксикација на телото, за варењето, при губење на апетит и против гасови. Нането со години се користи за ублажување на дигестивните проблеми, како што се гасови, запек, грчеви во стомакот и дијареа. Често се користи за ублажување на болки во грлото, како и за мачнини кои се чест несакан ефект на хемотерапијата.
Во природата обично можете да најдете сѐ што ви треба за здравје. Дознајте како лековитите зачини можат да ви помогнат при оздравувањето.
Лековитите билки лекуваат одредени болести, а на вас останува да откриете кои и кога ви се потребни. Некои зачини се толку лековити што можат да спречат и да помогнат дури и при лекувањето на најтешките болести, како што се дијабетес, кардиоваскуларни болести или рак. Вклучете ги во вашата секојдневна исхрана и вашиот организам ќе ви биде многу благодарен.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.