📽️ АЈАТОЛАХОТ ХАМНЕИ „ИСПЛИВА“ НА СНИМКА Иран не кажува ни каде ни кога е снименa

Моџтаба Хамнеи се гледа како разговара со група луѓе на кратката снимка објавена од агенцијата Мехр. Видеото се појави среде гласини за неговото здравје, но нема датум ниту место на снимање.

4

Иранската новинска агенција Мехр објавила кратка снимка од врховниот лидер Моџтаба Хамнеи. Тоа е  прво видео со лидерот кој почина по нападот на 28 февруари со што започна војната во Иран, пишува Индиан Експрес.

Не е јасно зошто иранските медиуми ја објавуваат снимката сега со написот „прва снимка од верска настава“ на Хамнеи.






Повеќе корисници на Икс и аналитичари посочуваат дека е снимката циркулира уште во март месец и е од пред војната, а не свежа.

 

Краткото видео го прикажува Хамнеи во разговор со повеќе луѓе. Агенцијата не дава повеќе детали за снимката.

Моџтаба Хамнеи стана врховен лидер по смртта на неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи. Собранието на експерти го избрало на 8 март.  Али Хамнеи беше убиен на 28 февруари, при американско-израелските напади врз Иран.

На неговиот погреб присуствуваа илјадници луѓе, беше прогласена 40-дневна жалост во државата и 7 дена празник.

Поврзани содржини