СО КАРТА НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА АХМЕТИ И ЏАФЕРИ ГО ЧЕСТИТАА ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ Во честитката зборуваат за почитување, правда и еднаквост

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот технички премиер и бивш собраниски спикер Талат Џафери, го честитаа Денот на албанското знаме со заедничка фотографија пред карта на т.н. Голема Албанија, која опфаќа и делови од Македонија, Србија, Црна Гора и од Грција.

33

„На овој 28 Ноември, со почит се поклонуваме пред историјата, жртвата и посветеноста на генерациите кои со храброст го отворија патот кон слободата и националната афирмација. Овој ден не е само сеќавање на минатото, туку и аманет што нè обврзува да ги чуваме нашиот идентитет, јазик и национални вредности. Црвено-црното знаме останува симбол на нашето единство, отпор и достоинство. Тоа нè потсетува дека историјата ни оставила одговорност, додека иднината бара зрелост, визија и заедничка посветеност. Да чекориме напред со верба дека само преку единство, меѓусебно почитување, правда и еднаквост можеме да изградиме подобро општество за сите граѓани. Нека биде 28 Ноември ден на гордост, размислување и одговорност за иднината. Честит 28 Ноември – Денот на знамето“, објави Џафери.

Поврзани содржини