ЗЕЛЕНСКИ НУДИ ПРЕКИН НА ОГНОТ ПО ЛИНИЈАТА НА ФРОНТОТ „Да застанеме тука и да се свртиме кон дипломатијата“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште има доволно влијание за да помогне во наоѓање решение за завршување на војната, „но, не на начин на кој само Украина ќе ја пати цената, оти тоа не е коректно“.

0

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена за прекин на огнот по постоечката фронтова линија и за почеток на дипломатски преговори. Во интервју за Ал Џезира тој оцени дека таков потег би бил исклучително голем компромис.

– Подготвени сме да застанеме таму каде што сме сега. Ова е прекин на огнот на линијата на контакт. Ова е компромис, се разбира, и многу голем. Свесни сме дека тој не сака да ја напушти нашата територија. Затоа велиме: во ред, да застанеме тука и да се свртиме кон дипломатијата – рече Зеленски.






Зеленски изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште има доволно влијание за да помогне во наоѓање решение за завршување на војната, „но, не на начин на кој само Украина ќе ја пати цената, оти тоа не е коректно“.

Изјавата на украинскиот претседател доаѓа по уште еден масовна размена на напади меѓу Украина и Русија.

Според Командата на украинската воздухопловна војска, руските сили ноќеска ја нападнаа Украина со 140 дронови. Украинската воздушна одбрана собори 101, а регистрирани се погодоци на 27 локации.

Од друга страна, повеќе од десетина руски региони, вклучувајќи ја и Москва, ноќеска беа цел на украински дронови. Русија денеска објави дека нејзините сили собориле повеќе од 1.000 беспилотни летала.

Поврзани содржини