🎥 КИМИХ НАПРАВИ НЕВИДЕНА ГЛУПОСТ Баварците освоија само бод во Хамбург

Капитенот на германскиот шампион доби директен црвен картон во 44. минута. Баварците трет натпревар по ред останаа без победа.

0

Баерн Минхен одигра само 0-0 на гостувањето кај Хамбург, во натпревар од 11. коло на Бундеслигата кој го одбележа бизарниот потег на Јошуа Кимих. Капитенот на Баварците го остави својот тим со играч помалку откако го повлече за коса 19-годишниот Норвежанец Александер Росинг-Лелесит.

Инцидентот се случи во 44. минута, откако младиот фудбалер на Хамбург го турна Кимих. Искусниот германски репрезентативец му возврати со повлекување за коса и го собори на тревникот.






Главниот судија Бастијан Данкерт по проверката на снимката со ВАР му покажа директен црвен картон на Кимих, објави официјалната страница на Бундеслигата.

 

Баерн имаше иницијатива во првото полувреме, но не успеа да ја пробие одбраната на домаќините. По исклучувањето на Кимих, Хамбург создаде неколку опасни шанси, но мрежата на Јонас Урбиг остана недопрена.

За Баварците ова е трет натпревар без победа, по ремито со Келн (1-1) во Бундеслигата и по поразот од Лил (1-2) во Лигата на шампионите.

Баерн има 23 бода, еден помалку од лидерот Борусија Дортмунд. „Милионерите“ в недела го пречекуваат Баер Леверкузен и имаат можност да ја зголемат предноста на 4 бода.

Поврзани содржини