ОБЛАЦИ И ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ВО ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА За викендот пристигнува студен воздух од север

Во петок се очекуваат повремени врнежи од дожд, локално пообилни од 20 литри на квадратен метар, а во сабота и недела следуваат заладување, северен ветер и снег на планините.

0

Во петок времето ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на квадратен метар за 24 часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од 3 степени во Маврово до 7 степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот од 6 до 12 степени.






Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а температурата ќе се движи од 5 до 10 степени.

Во сабота се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 30 литри на квадратен метар за 24 часа. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Попладне, со продорот на постуден воздух од север, врнежите на некои од повисоките места ќе преминат во снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој наместа во североисточните делови и долж Повардарието повремено ќе биде засилен до силен.

Минималните утрински температури ќе се движат од 2 до 8 степени, а максималните дневни од 5 до 10 степени.

Според прогнозата на УХМР, во недела времето ќе биде облачно, со повремени локални врнежи од снег. Во пониските места долж Повардарието се очекуваат врнежи од дожд и снег, а кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од минус 1 до 7 степени, додека дневните ќе бидат во интервалот од 1 до 8 степени.

Поврзани содржини