Неподносливата леснотија на заевизмот

Уште една потврда дека СДСМ е заробен, а Венко Филипче и неговото карикатурално раководство имаат ролја на слеп патник на бродот којшто незапирливо тоне!

22

Кога би требало во два збора да го опишам „заевизмот“ како начин на водење на СДСМ и државата не ми паѓа посоодветна народна кованица од „трчи-лажи“.

Така, вчера додека Венко Филипче на интервју се „чукаше у грудима нашима“ и тврдеше дека затоа што е неврохирург по професија него Заев не може да го контролира, осамна фотографија од приемот на албанската амбасада каде тој заедно со Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи се во друштво на Зоран Заев.






Начинот на кој егзалтирано се воспева појавата на формално поранешниот претседател во јавност после подолго време е најефикасната потврда кој е управител, а кои се полномошници во СДСМ и зошто партијата личи на се само не на вистинска опозиција. Таму дисконтинуитет од погрешните политики е невозможен, затоа што СДСМ е заробен, а Венко Филипче и неговото карикатурално раководство имаат ролја на слеп патник на бродот којшто незапирливо тоне!

Интересна од аспект на „заевизмот“ е наводната подготвеност на Филипче за ретроактивност на неговите наводни антикорупциски политики во најава. Демек, тој бил пишман аџија за скандалозните измени на Кривичниот закон од 2023.

Мислам дека сега е потребно ова каење да се покаже на дело. Еве, како за почеток, целото друштво од вчерашната маса во албанската амбасада нека потпишат изјави заверени на нотар дека за сите потенцијални кривично процесни постапки против нивното раководење со државните институции бараат и се согласни за нив да важат построгите кривични санкции, дека нема никогаш да се повикаат на застареност на кривичен прогон и дека изразуваат непоколеблива подготвеност пред целокупната јавност да го докажат потеклото на сиот свој движен и недвижен имот дома и во странство, како и на целото потесно семејство.

Изјавите да ги достават до Уставниот Суд, Јавното обвинителство, Врховниот суд, апелациониот и основните Судови, Управата за јавни приходи, Финансиското разузнавање, Агенцијата против перење пари и Народниот правобранител.

Ајде, ербапи да ја тестираме и вашата, а богами и подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за вистинска борба против корупцијата.

(Фејсбук статус на авторот)

Поврзани содржини