ЏАСТИН ТИМБЕРЛЕЈК НА МОДНА ПИСТА СО СИНОВИТЕ И ВНУКАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ Поп-ѕвездата ја придружуваше малата Заја на хуманитарен настан во Денвер

Џастин Тимберлејк со синовите Силас и Финеас ја придружуваше внуката Заја на хуманитарна модна ревија за поддршка на лицата со Даунов синдром.

0

Џастин Тимберлејк имаше редок семеен настап во јавноста, овојпат за хуманитарна цел. Пејачот се појави со синовите Силас и Финеас на модната ревија на Глобалната фондација за Даунов синдром во Денвер, а тројцата заедно со неговата седумгодишна внука Заја излегоа и на модната писта.

Настанот „Be Beautiful Be Yourself“ се одржа на 7 ноември, по 19. пат, а Заја (7), која има Даунов синдром, беше во центарот на вниманието. Таа е амбасадорка на фондацијата, а нејзини придружници овојпат беа тетинот Тимберлејк и нејзините братучеди, Силас (11) и Финеас (6).

– Џесика и јас ја обожаваме Заја и не можеме да бидеме погорди на неверојатната разлика што ја прави во светот. Секој човек со Даунов синдром заслужува можност да го достигне својот целосен потенцијал – порача Тимберлејк во изјава за фондацијата.

Неговата сопруга Џесика Бил не присуствуваше на настанот поради работни обврски, но преку социјалните мрежи ја сподели радоста и објави видео од настапот. Џесика напиша дека е горда на Заја, а посебно ѝ се заблагодари на модната куќа „Марчеса“ за прекрасниот фустан на девојчето. Заја е ќерка на нејзиниот брат Џастин Бил и неговата сопруга Роуз.

Настанот имаше и значајна хуманитарна цел. Овогодишната ревија собрала рекордни 2,7 милиони долари за истражувања, медицинска грижа и поддршка на луѓето со Даунов синдром. Семејството на Тимберлејк и Бил со години ја поддржува фондацијата, а Џесика во претходните две години и самата ја придружуваше внуката на модната писта.

Поврзани содржини