РЕЧИСИ ЦЕЛ МЕСЕЦ НЕМА ТРАГА ОД ИСЧЕЗНАТИОТ ГОСТИВАРЕЦ Потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани не даде никаков резултат

Покрај потрагата по Вардар, проверувани се снимки од безбедносни камери, а полицијата повикала на разговор неколку лица што имале контакт со Шабани пред исчезнувањето.

0

Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот Шемо Шабани од Гостивар, кој на 13 октомври излегол од својот дом и не се вратил. И покрај преземените полициски мерки и пребарувањата на терен, потрагата засега не дала резултат.

На 21 октомври екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, во координација со полицијата и локалните служби, го пребаруваа коритото на реката Вардар во гостиварско. Во акцијата учествуваа припадници на Тимот за брз одговор за спасување на води, кои проверувале критични точки од градското подрачје до низводните делови. Следниот ден беше објавено дека Шабани не е пронајден, иако спасувачите детално пребарале десетина критични точки во реката.






Во рамките на потрагата, полицијата повикала на разговор лица што имале контакт со него непосредно пред исчезнувањето. Биле проверувани снимки од безбедносни камери и информации за неговото движење. Фотографија на Шабани е објавена и на интернет-страницата на Министерството за внатрешни работи, во делот за исчезнати лица.

Поврзани содржини