📽️ „СЕКОЈ ВИСТИНСКИ МАЖ МОРА ДА ПРИСУСТВУВА НА ПОРОДУВАЊЕ“ Жак Худек откри зошто мажите треба да бидат со сопругите во родилната сала
Хрватскиот пејач Жак Худек во гостувањето во подкастот „Нема лабаво“ на ИН магазин, зборуваше за женската сила, двете породувања на сопругата на кои присуствувал и зошто смета дека секој маж треба да го доживее тоа искуство.
Хрватскиот пејач Жак Худек во подкастот „Нема лабаво“ на „ИН Магазин“ отворено зборуваше за своето восхитување кон жените, родителството и положбата на жените во музичката индустрија. Се присети на раѓањето на своите деца и откри зошто смета дека секој маж треба да присуствува на породувањето на својата сопруга.
Худек, кој зад себе има 26 години музичка кариера, не крие дека жените ги смета за посилниот пол. Тоа, како што вели, особено го сфатил кога имал можност да присуствува на двете породувања на сопругата.
– Јас секогаш велам дека жените се посилниот пол затоа што тие ги носат децата и тоа е сигурно. Имав можност да присуствувам на двете породувања на сопругата и мислам дека секој вистински маж мора да биде присутен на породувањето. Тоа навистина е чудо и феномен. Жените се посилниот пол, во тоа нема сомнеж – изјави пејачот.
Тој смета дека искуството на присуство при раѓањето на сопствените деца е нешто што секој маж треба да го доживее. Според него, тоа е посебен момент кој овозможува поинаку да се разберат силата и издржливоста на жените.
Худек се осврна и на нееднаквоста меѓу мажите и жените во музичката индустрија. Од сопственото долгогодишно искуство тврди дека жените во овој бизнис се соочуваат со поголеми предизвици и дека нивниот пат до успехот е потежок.
– Дека на жените им е потешко во оваа работа, се уверив во 26 години колку што се занимавам со оваа професија. Каде ќе стигневме ние мажите ако не им се восхитувавме на жените? Па жените се сè – порача пејачот.
Целиот разговор објавен во подкастот „Нема лабаво“ можете да го гледате на линкот подолу.