ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ Од недела ќе застуди

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

1

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.






Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Најстудено ќе  биде во Берово, со утринска температура до 2 степени, а најтопло во Гевгелија, Штип, Струмица и во Демир Капија, со дневна температура до 15 тепени.

Фото: УХМР

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди и со температура до 14 степени. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето.

Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Фото: УХМР
Поврзани содржини