📽️ ДАЛИ Е ОВА НОРМАЛНО? Бакнежот во уста на Кајли и Кендал Џенер предизвика лавина коментари

Снимката на која двете сестри Кендал и Кајли Џенер се бакнуваат во уста, ја објави Клои Кардашијан по повод 31. роденден на Кендал. Додека едни го нарекоа гестот несоодветен, други ги бранеа сестрите и порачаа дека станува збор за обична семејна блискост.

40

Стара снимка од 2025 година повторно привлече внимание откако Клои Кардашијан ја објави оваа недела. Краткото видео со Кајли и Кендал Џенер од минатата година кое сега предизвика жестока дискусија на социјалните мрежи, Клои Кардашијан годинава го вклучи во роденденската честитка за својата сестра Кендал. На снимката двете сестри се прегрнати и се забавуваат на вечерна прослава, кога Кендал почнува да ѝ повторува на Кајли:

– Бакни ме, бакни ме! Кајли потоа ѝ дава краток бакнеж во уста, по што двете веднаш избувнуваат во смеа.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)


Видеото брзо се прошири на платформите Икс, Тик-Ток и Редит. Дел од корисниците реагираа со неверување и прашуваа дали ваквото однесување меѓу сестри е вообичаено. Други го оценија гестот како несоодветен, а се појавија и коментари во кои се споменуваше инцест.

Сепак, реакциите не беа едногласни. Многумина застанаа во одбрана на сестрите, тврдејќи дека краткиот бакнеж нема никаква сексуална конотација и дека луѓето претерано анализираат една разиграна сцена.

– Се забавуваат, оставете ги на мира – гласи еден од коментарите што ги пренесува порталот „Боред Панда“.

Американскиот портал „Комплекс“ открива дека снимката е направена на прославата за 30. роденден на Кендал во 2025 година. Облеката на сестрите помогнала да се утврди дека станува збор за постара снимка, која Клои ја споделила дури сега како дел од роденденската честитка.

Клои покрај видеото напишала дека ги сака „овие две мали пингвинчиња“, а на Кендал ѝ посветила емотивна порака за тоа колку ѝ значи што можела да ја гледа како расте и се развива во жена каква што е денес. Кајли, пак, објави фотографии од нивното детство и напиша: Јас сум тоа што сум благодарение на тоа каква ти беше ти за мене, нарекувајќи ја Кендал своја сестра засекогаш.

Поврзани содржини