📽️ ВО ВАЛКАНИ ЧОРАПИ СОКРИЛЕ НАД 3.000 ТАРАНТУЛИ Запленета пратка вредна 1,5 милиони евра

Нелегалната трговија со диви животни е една од најпрофитабилните форми на криминал во светот, со годишен приход од околу 20 милијарди долари.

96

# Во чорапи сокриле над 3.000 тарантули, вредни 1,5 милиони евра – запленети на аеродром во Перу

Повеќе од 3.000 тарантули, чија вкупна вредност се проценува на околу 1,5 милиони евра, биле откриени скриени во валкани чорапи, во три куфери наменети за транспорт во Германија. Необичната пратка била откриена на меѓународниот аеродром во Лима, Перу. Двајца Германци и еден Полјак се приведени под сомнение за нелегална трговија со диви животни.






Како што соопшти Националната служба за шуми и диви животни на Перу (SERFOR), куферите ги носеле двајца германски и еден полски државјанин, пренесува „Гардијан“.

Тарантулите биле откриени за време на рутинска царинска контрола на меѓународниот аеродром „Хорхе Чавез“ во Лима. Царинските службеници забележале необично движење во багажот, по што ги провериле куферите и ја откриле скриената пратка.

Во нив биле пронајдени примероци со различна големина и во различни фази на развој – од јајца и штотуку изведени единки до возрасни тарантули.

Според процените, една тарантула на европскиот пазар може да достигне цена од околу 500 евра. Тоа значи дека вредноста на животните во запленетата пратка би можела да достигне околу 1,5 милиони евра.

Од „SERFOR“ информирале дека тарантулите потекнуваат од неколку области во Перу.

Тројцата осомничени европски државјани биле приведени, а против нив ќе биде покрената кривична постапка, соопштила службата.

Според податоците на Интерпол, нелегалната трговија со диви животни е една од најпрофитабилните форми на криминал во светот, со годишен приход од околу 20 милијарди долари.

Овој вид трговија е и една од главните причини за губењето на биолошката разновидност, бидејќи незаконското заробување и продавање диви животни ги загрозува нивните природни популации и екосистеми.

Поврзани содржини