📽️ КРВАВ МАСАКР ВО ТРИ ТУРСКИ СЕЛА Вооружен напаѓач уби осум лица и тешко рани едно лица

Вооружените напади се случиле во областа Афјонкарахисар. Шест лица биле убиени на две локации, а две жени им подлегнале на повредите во болница.

85

Осум лица се убиени, а едно е тешко повредено во серија вооружени напади во три села во турската област Афјонкарахисар. По нападите, осомничениот побегнал со возило, но полициските сили го пронашле и го уапсиле во соседната област Ескишехир, објавија турските медиуми.

Нападите се случиле во четвртокот вечерта во руралниот дел на областа Ихсание, во провинцијата Афјонкарахисар, во западниот дел на централна Турција. Според информациите на државната новинска агенција Анадолу, три лица биле убиени во близина на селото Ајазини, уште три во селото Кијир, додека во Јукаритандир биле пронајдени две жени со прострелни рани. Тие биле пренесени во болница, но лекарите не успеале да им ги спасат животите.

 






Во нападите било тешко повредено и уште едно лице, кое било пронајдено во критична состојба и било хоспитализирано. Засега не е наведено на која од трите локации било повредено.

 

Според турската агенција ДХА, осомничениот, вооружен со пушка, по нападите побегнал со возило што претходно го одзел. Полицијата и жандармеријата започнале потрага, а бегството завршило во соседниот Ескишехир, каде што бил уапсен.

 

Турските власти потврдиле дека во нападите загинале осум лица, а едно е тешко повредено. Засега не е соопштен мотивот за нападите.

Од канцеларијата на гувернерот на Афјонкарахисар информирале дека надлежните институции работат координирано за целосно расчистување на случајот, а истрагата се води под координација на Обвинителството во Афјонкарахисар.

Поврзани содржини