ЖЕРНОВСКИ НЕ ЗНАЕ ДЕКА ЛАУРА КОВЕШИ ВЕЌЕ НЕ Е ЕВРОПСКИ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Не знаеше и што значи кратенката НАТО, па што му фали сега?

„Немаше да ни се случи да имаме криминал од ваков размер, туку Мицкоски веќе ќе одговараше пред Лаура Ковеши, којашто е шефица на Европското јавно обвинителство“ – напиша Жерновски.

1

Андреј Жерновски, Меѓународен секретар на СДСМ и член на Извршниот одбор на партијата во објава на Фејсбук ја спомна Лаура Ковеши како актуелна шефица на Европско јавно обвинителство, иако таа неодамна замина од таа функциија.

„Немаше да ни се случи да имаме криминал од ваков размер, туку Мицкоски веќе ќе одговараше пред Лаура Ковеши, којашто е шефица на Европското јавно обвинителство“ – напиша Жерновски во објава на својата фејсбук-страница, заедно со извештај од својата прес-конференција.






На романката Лаура Кодруца Ковеши функцијата Главен европски обвинител ѝ заврши по седумгодишнот, необновлив мандат, на 30 октомври годинава, а од 1 ноември должноста ја презеде германскиот обвинител Андрес Ритер.

Андредј Жерновски неодамна, во поткаст кај новинарот Кристијан Ландов не знаеше да одговори на прашање што значи кратенката НАТО.

🎥 ЖЕРНОВСКИ НЕ ЗНАЕ ШТО ЗНАЧИ НАТО Новиот меѓународен секретар на СДСМ се посрамоти во поткастот на Ландов

Поврзани содржини