📽️ ДОНЧИЌ ГО ПРЕКИНА НАТПРЕВАРОТ ПОРАДИ НАВИВАЧ Гледачот ја фрли топката кон судијка, па беше исфрлен

Навивач од првиот ред силно ја фрли топката кон судијката Челиса Пеинтер, а словенечкиот кошаркар веднаш го посочи пред обезбедувањето. „Лејкерс“ победија со 116:103, а Дончиќ постигна 40 поени.

0

Непријатен инцидент го одбележа натпреварот меѓу „Сакраменто Кингс“ и „Лос Анџелес Лејкерс“, откако навивач од првиот ред ја фрли топката кон една од судијките и ја погоди во раката. Реакцијата на Лука Дончиќ беше моментална, а обезбедувањето веднаш го отстрани гледачот од арената.

Инцидентот се случил во третата четвртина, на две минути и 35 секунди пред нејзиниот крај. По една изгубена топка на домашниот тим, топката завршила кај навивач кој седел веднаш до теренот.

 






Наместо да му ја врати на некој од кошаркарите, гледачот силно ја фрлил во правец на судијката и ја погодил во раката.

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ веднаш реагирал. Видно револтиран од потегот на навивачот, му се обратил, а потоа го привлекол вниманието и на судиите и на обезбедувањето.

Службата за обезбедување брзо интервенирала и го изнела гледачот од салата. Натпреварот продолжил без дополнителни инциденти, а снимката од случувањето набрзо се проширила на социјалните мрежи.

Поврзани содржини