📽️ „ТАА БЕШЕ НАШИОТ ЛИДЕР И НАЈДОБРА ПРИЈАТЕЛКА“ Почина пејачката Никол Тејлор, нејзините сестри близначки се простија од неа

Пејачката Никол Тејлор од кантри-групата „Тејлор Ред“ почина на 35 години по четиригодишна борба со рак на дојката. Нејзините сестри Натали и Ника со кои заедно настапуваа во бендот, ја опишаа како свој лидер и најдобра пријателка.

0

Никол Тејлор, пејачката на кантри-групата „Тејлор Ред“, почина на 35-годишна возраст по четиригодишна борба со рак на дојката. Тажната вест ја соопштија нејзините сестри близначки, Натали и Ника, со кои настапуваше во триото, во емотивно видео објавено на Јутјуб. Никол починала на 28 септември во Нешвил, но семејството дури сега ја сподели веста со јавноста.

– Ова не е видео за кое некогаш мислевме дека ќе го снимаме. Се надевавме дека таа ќе биде тука и самата ќе ја раскаже својата приказна за оздравувањето. Наместо тоа, ја споделуваме приказната за нејзиното небесно исцелување. Таа е во мир и повеќе не страда – рекоа сестрите, додавајќи дека се скршени од болка и дека Никол неизмерно ќе им недостига.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Red (@taylorred)

Пејачката во 2022 година дознала дека има трет стадиум на агресивен рак на дојката. Нејзината сестра Натали се присетила на моментот кога ја добиле веста од медицинската сестра за резултатите од биопсијата. Првично, Никол добро реагирала на терапијата, а во еден момент лекарите констатирале дека нема докази за присуство на болеста. Сепак, ракот подоцна се вратил и напредувал до четврти стадиум.

И покрај тешката дијагноза, Никол не дозволила болеста целосно да ѝ го одреди животот. Дури и за време на хемотерапијата продолжила да вежба кросфит, а според сведоштвото на сестрите, постојано се трудела да ги охрабрува и да им го задржи расположението. Пред сериозна операција, кога Натали била исплашена, токму Никол ја тешела и ѝ давала сила.

– Таа беше нашиот лидер и најдобра пријателка – напишаа сестрите во посветата. Никол била постара од Натали само една минута, а од Ника две минути. Ја опишале како храбра жена, која не се плашела да го каже своето мислење и секогаш застанувала зад она во што верувала. Според нив, верата ѝ била особено важна во најтешките моменти од болеста.

Трите сестри од Херли, Мисисипи, почнале заедно да настапуваат во 2010 година под името „Ред Рутс“, а во 2018 година го смениле името во „Тејлор Ред“. Познати се по кантри-песните „Country Money“ и „Rent Free“, а нивните музички видеа и настапи им донеле огромна публика на интернет. Каналот на групата на Јутјуб има повеќе од 16 милиони претплатници.


За Никол веќе е одржана приватна погребна церемонија. Семејството отворило и меморијална страница преку која обожавателите можат да донираат за добротворните организации што таа ги поддржувала.

 

Поврзани содржини