РАДИЧЕВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ПОДДРШКАТА Ги почитува резултатите на изборите и волјата на граѓаните

Ќе продолжиме со истата енергија, одговорност и посветеност да работиме за секој човек, за секое населено место и за подобра иднина на нашата Брвеница, истакна Радичевски.

32

Стојанче Радичевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница, упати благодарност на сите за поддршката, довербата и за секој глас што го доби на изборите.

– Нашата заедничка цел беше и останува ЕДНА БРВЕНИЦА ЗА СИТЕ! Иако овојпат не успеавме да ја оствариме победата, нашата посветеност кон граѓаните и општината не завршува овде. Ќе продолжиме со истата енергија, одговорност и посветеност да работиме за секој човек, за секое населено место и за подобра иднина на нашата Брвеница, истакна Радичевски.






Тој посочи дека ги почитува резултатите и волјата на граѓаните.

– Веруваме дека заедништвото, меѓусебната почит и работата за општото добро треба да останат наши заеднички вредности, посочи Радичевски.

Поврзани содржини