ПОРАСНАА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА Дизелот поскапува за еден денар, а бензините за два денара

Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, додека пак на мазутот се зголемува за 1,300 денари по килограм.

41

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги зголеми цените на горивата во просек за 1,55%.

Според одлуката, малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 2 денара по литар, а на дизелот за еден денар по литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, додека пак на мазутот се зголемува за 1,300 денари по килограм.






Од полноќ ќе важат следните цени:

Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС – 95                       93,00  (денари/литар)

Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС – 98                       95,00  (денари/литар)

Дизел гориво         ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                100,00  (денари/литар)

Масло за горење   Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                      110,00  (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                       55,573 (денари/килограм)

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Поврзани содржини