📽️ ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ ГО ПОПЛАВИЈА РОДОС Вода навлезе во домови и продавници, пожарникарите на терен

Обилните врнежи предизвикаа поплави и штети на Родос, а преку системот 112 граѓаните беа предупредени да ги ограничат своите движења.

43

Обилните врнежи предизвикаа поплави во градот Архангелос и во поширокиот регион на источниот дел на грчкиот остров Родос. Поради зголеменото ниво на водата, противпожарната служба интервенирала во два случаи за пренесување лица на безбедни локации, а училиштата денеска се затворени.

Во 3 часот преку бројот 112 за итни случаи била испратена порака до граѓаните да ги ограничат движењата во регионалната единица Родос.






Невремето што во текот на ноќта го зафати островот предизвика проблеми и штети на патната инфраструктура, како и на продавници и домови, особено во источниот дел на Родос.

Со одлука на општината, во четири делови на островот училиштата денеска превентивно ќе останат затворени, со цел да се заштитат учениците и наставниците.

 

Во поширокото подрачје се распоредени противпожарни возила со соодветна опрема, подготвени да интервенираат и да пружат помош доколку биде потребно.

Поплави поради зголеменото ниво на водата се регистрирани и во градот Волос, како и на грчките острови Самос и Калимнос.

Оперативниот центар на грчката противпожарна служба примил 28 повици за помош на Самос, 18 повици од Родос и Калимнос и 12 во Волос.

Повиците главно се однесувале на испумпување вода, отстранување паднати дрвја, но и на пренесување лица на безбедни локации.

Поврзани содржини