📽️ ТЕЈЛОР СВИФТ ЈА ОТКРИ НЕОБИЧНАТА НАВИКА КОЈА НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ МОРА ДА ЈА ТРПИ Еве што прават пејачката и нејзината најдобра пријателка веќе со децении

Тејлор Свифт откри дека со најдобрата пријателка од тинејџерските денови, Абигејл Андерсон, и денес разговараат имитирајќи ги ликовите од „Наполеон Динамит“ – навика што мора да ја трпат и нивните сопрузи.

228

Тејлор Свифт откри една необична навика што ја дели со својата најдобра пријателка Абигејл Андерсон уште од тинејџерските денови. Двете и денес разговараат имитирајќи ги ликовите од комедијата „Наполеон Динамит“, а на нивните сопрузи им преостанува само да се навикнат на тоа.

Пејачката раскажа за ова за време на разговор со публиката по специјалната проекција на анимираниот филм „Приказна за играчките 5“ (Тoy story 5) во Њујорк, на која присуствуваше и режисерот Ендру Стентон. Свифт, која сними музика за филмот, зборуваше за пријателството меѓу ликовите Бони и Блејз, кое ја потсетило на сопственото долгогодишно пријателство со Абигејл.

Таа ја запознала Андерсон кога имала 14 години и се преселила во Нешвил. Била нова во училиштето и не знаела со кого ќе се спријатели, сè додека не ја запознала девојката со кадрава коса, која веднаш ѝ станала блиска.

– Двете само сакавме да го имитираме начинот на кој зборуваат ликовите од филмот „Наполеон Динамит“. И сè уште го правиме тоа. Тоа е нешто што нашите сопрузи мора да го трпат – раскажа Свифт, а потоа демонстрираше како изгледаат нивните разговори.

Таа објасни дека токму тоа ја допрело во приказната за Бони и Блејз – чувството кога ќе пронајдеш личност што целосно те разбира и те прифаќа со сите твои необичности.

– Кога ќе најдеш некој што те гледа таков каков што си, во најчудната и најискрена верзија од себе, тоа навистина значи многу – рече пејачката.

Свифт и нејзината пријателка останале блиски и по повеќе од две децении. Тејлор се омажи за НФЛ-ѕвездата Тревис Келси на 3 јули во њујоршката сала „Медисон сквер гарден“, додека Абигејл е во брак со Чарлс Берард, со кого го има синот Бенет.

Поврзани содржини