НАУТРО ДО МИНУС ДВА, А ПРЕКУ ДЕН ДО 18 СТЕПЕНИ Променливо облачно време со сончеви периоди

Променливо облачно време со сончеви периоди и силен ветер во среда. Температурите ќе се движат од -2 до 18 степени, а во петок се очекува локален дожд.

48

Променливо облачно време со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од северозападен правец нè очекува утре. Најсилни налети на ветерот се очекуваат долж поширокото Повардарие, каде што повремено ќе надминува 60 километри на час.

Утринските температури ќе се движат од минус два степена во Маврово до 10 степени во Гевгелија, додека дневните ќе достигнат од шест до 18 степени.






Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во делови од Скопската Котлина повремено ќе засилува. Температурата ќе се движи од три до 14 степени.

Во четврток се очекува слично време, променлива облачност со сончеви периоди. Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе засилува долж Повардарието.

Минималните температури ќе бидат од два до 11 степени, а максималните ќе се движат од 13 до 20 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во петок времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. И тогаш во одделни котлини ќе има услови за утринска магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од три до 10 степени, додека дневните ќе достигнат од 12 до 18 степени.

Променливото време ќе продолжи и во наредните денови, со можност за локален дожд кон крајот на работната недела.

Поврзани содржини