ЗАЕДНО ПОДИГНАЛЕ СТАНБЕН КРЕДИТ, ПА Ѝ ГИ ЗЕЛ ПАРИТЕ Жена пријавила измама од 25.000 евра

40-годишната жена и 30-годишниот скопјанец заеднички подигнале станбен кредит, по што тој ги зел парите и престанал да се гледа со неа.

68

30-годишен скопјанец е лишен од слобода по пријава дека измамил 40-годишна познаничка за 1.558.300 денари, односно околу 25.000 евра. Според пријавата, двајцата претходно се договориле да подигнат станбен кредит, но откако завршила постапката, мажот ги зел парите и престанал да се гледа со жената.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода Н. К. (30) од Скопје, постапувајќи по пријава од неговата 40-годишна познаничка.






Според пријавеното, двајцата се договориле и подигнале станбен кредит од банка. По завршувањето на постапката, тој ѝ ги зел парите, по што не сакал да се види со неа.

Од МВР наведуваат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини