ЗOШТО ДЕЦАТА ВО ГРАДИНКА ПОСТОЈАНО КАШЛААТ И ИМ ТЕЧЕ НОСОТ? Педијатриски медицински техничар објаснува зошто настинките на најмалите се како маѓепсан круг

Истражувањата покажуваат дека децата на оваа возраст во просек преболуваат околу десет настинки годишно, поради што се добива впечаток дека се постојано болни.

66

Родителите на децата што одат во градинка често се соочуваат со навидум бескраен круг од настинки, кашлица и течење на носот. Таман што детето ќе закрепне од една инфекција, набргу се појавува друга. Искусниот педијатриски медицински техничар Крис Њуланд објаснува зошто ова е честа појава, но и на кои знаци треба да се обрне посебно внимание.

Зошто децата често се болни?






Њуланд, кој работи во примарната здравствена заштита, во објава на Инстаграм го поставил прашањето што ги мачи многу родители: Дали вашето дете оди во градинка и ви се чини дека постојано кашла и му тече носот?

Тој објаснил дека често го слуша истото прашање од родителите во својата ординација.

– Кога подобро ќе размислите, имате група мали деца што си играат и се дружат заедно, а притоа си пренесуваат вируси. Тоа се случува затоа што нивниот имунолошки систем првпат се среќава со овие причинители на инфекции – вели Њуланд.

Тој додава дека истражувањата покажуваат оти децата на оваа возраст во просек преболуваат околу десет настинки годишно, поради што се добива впечаток дека се постојано болни.

Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини