ДОСТОИНСТВЕНАТА РАБОТА НЕ Е ПРИВИЛЕГИЈА, ТУКУ ПРАВО Меѓународната организација на трудот ја потпиша македонската програма

Според премиерот Христијан Мицкоски оваа програма е директен одговор на најголемите рани на македонското општество – масовното иселување на младите луѓе, хроничниот дефицит од квалификувана работна сила и лошата усогласеност меѓу образовниот систем и реалните потреби на бизнисот.

38

Владата, организациите на работодавачите, синдикатите и Меѓународната организација на трудот (МОТ) ја потпишаа Националната програма за достоинствена работа за периодот 2026 – 2030 потврдувајќи дека ќе работат на создавање поквалитетни, подобро платени и посигурни работни места.

Според премиерот Христијан Мицкоски оваа програма е директен одговор на најголемите рани на македонското општество – масовното иселување на младите луѓе, хроничниот дефицит од квалификувана работна сила и лошата усогласеност меѓу образовниот систем и реалните потреби на бизнисот.






-Достоинствениот труд не е привилегија. Тој е право. А достоинствениот живот не смее да биде недостижна желба. Тој мора да биде реалност, реална можност за секој наш граѓанин – рече Мицкоски.

Тој нагласи дека новата економска стратегија бара брзи реформи во трудовото законодавство, модернизација на институциите, посилен инспекциски надзор против злоупотребите и максимално економско вклучување на жените на пазарот на труд.

Министерот за економија Бесар Дурмиши рече дека успехот на оваа програма, посочи ќе се мери преку конкретните подобрувања што ќе ги почувствуваат работниците и компаниите.

Директорка на МОТ за Централна и Источна Европа  Клер Харасти смета дека преку заедничка посветеност може да се изгради поинклузивен, попродуктивен и поотпорен пазар на труд.

-Со заедничка работа можеме да создадеме квалитетни работни места, да ги зајакнеме институциите на пазарот на труд, да го поддржиме развојот на одржливи претпријатија и да ги оствариме фундаменталните принципи и права при работа – изјави Харасти.

Поврзани содржини