ТРАМП НУДИ МИЛИОН ДОЛАРИ ЗА СЕКОЈ ШТО ЌЕ ПРИЈАВИ ИЗБОРНА ИЗМАМА Парите ќе се исплатат ако пријавата се покаже точна

Оваа најава доаѓа само осум дена пред изборите за Конгресот на САД, кои ќе одредат дали републиканците ќе го задржат мнозинството во двата дома.

122

Американскиот претседател Доналд Трамп најави награда од 1 милион долари за секој што ќе пријави изборна измама во Соединетите Американски Држави, под услов пријавата да доведе до апсење и осудителна пресуда. Оваа најава доаѓа само осум дена пред изборите за Конгресот на САД, кои ќе одредат дали републиканците ќе го задржат мнозинството во двата дома.

Трамп ја објави наградата во понеделникот преку својата платформа за социјални медиуми, „Tрут соушл“ таа се однесува и на минатите избори и на претстојното гласање на 3 ноември.






„Секој што ќе пријави изборна измама на минатите избори или на претстојните избори за Конгресот ќе добие 1.000.000 долари по апсењето и осудувањето на оние што ја извршиле измамата!“ – напиша Трамп.

Тој не прецизираше каде граѓаните треба да пријават сомневање за изборна измама, кој ќе ги проверува пријавите, ниту од кои средства ќе се исплаќаат наградите.

Исто така, не е јасно дали сумата од 1 милион долари ќе се исплати преку постоечка владина програма или администрацијата планира да воспостави нов систем.

Поврзани содржини