📽️ ХАРИСОН ФОРД НЕ ЗАБАВУВА НИТУ НА 84 ГОДИНИ Папараците го снимија покрај плажа со неговиот нов велосипед

Легендарниот Индијана Џонс не се откажува од активниот живот, а новите фотографии од Лос Анџелес покажуваат дека сè уште е во одлична кондиција. Велосипедизмот му е една од омилените активности, а еве како ги одржува силата и енергијата.

68

Холивудската легенда Харисон Форд и на 84 години не забавува со своето темпо. Актерот беше фотографиран додека возеше велосипед покрај брегот на Лос Анџелес, а неговата физичка форма и доброто расположение повторно привлекоа внимание.

Ѕвездата на филмовите „Индијана Џонс“ и „Војна на ѕвездите“ уживаше во сончевиот есенски ден облечен во спортска маичка, кратки панталони, велосипедски ракавици и заштитна кацига. На фотографиите се гледа дека е во добра кондиција.






Форд е голем љубител на велосипедизмот и, според пишувањата на медиумите, поседува неколку велосипеди приспособени за различни терени. Иако со години бил страствен пилот, во последно време сè повеќе време поминува на велосипед.

– Повремено сè уште летам, но сè помалку. Порано поминував многу време во летање, а сега поминувам многу време на велосипед – изјавил неодамна за магазинот „Пипл“.

Особено го привлекува планинскиот велосипедизам, со кој поинтензивно се занимава во последните три до четири години. Актерот вели дека ужива да биде во природа, а планините Санта Моника му нудат идеални услови за возење.

– Навистина уживам да бидам надвор, во природа, на велосипед. Отсекогаш сум возел велосипед, но порано главно возев по патишта. Сега уживам во планинскиот велосипедизам – раскажал тој.

Покрај велосипедизмот, Форд ја одржува кондицијата и со тенис, скијање и полесни вежби за сила. Внимава и на исхраната, а физичката активност му помага да остане во форма и покрај годините.

Актерот во минатото се соочи и со сериозни здравствени предизвици. Во 2015 година преживеа пад со мал авион на голф-терен во Лос Анџелес, при што се здоби со повеќе скршеници и други повреди. Сепак, не се откажа од активностите што ги сака.

Форд, кој од 2010 година е во брак со актерката Калиста Флокхарт, и понатаму е професионално активен. Во март годинава ја доби наградата за животно дело на доделувањето на наградите на Здружението на филмски актери, каде што емотивно им се заблагодари на семејството и колегите за поддршката во текот на шестдецениската кариера.

– Навистина сум среќен човек. Среќен сум што ги најдов моите луѓе, што имам работа што ме предизвикува и што сè уште можам да ја работам. Ништо од тоа не го земам здраво за готово – порача актерот.

Со препознатливиот хумор се пошегува дека другите актери ја добиле наградата за исклучителните улоги, додека тој ја добил затоа што сè уште е жив.

А дека ликот на Индијана Џонс и понатаму живее, покажува и неговото учество во новата атракција на „Дизни“, „Indiana Jones and the Myth of the Jade Serpent“. Форд послужил како модел за аниматронската фигура на славниот авантурист.

Поврзани содржини