📽️ ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СУДИР НА „ГОЛФ“ И „АУДИ“ ВО ЧАИР Двајца завршија во Ургентниот центар

Во несреќата што се случила во 19:10 часот на крстосницата меѓу улиците Македонско-косовска бригада и Втора македонска бригада учествувале два автомобила. Повредените биле пренесени во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ и во болницата „Св. Наум Охридски“.

80

Тројца луѓе се повредени во судир на два автомобила на крстосницата меѓу улиците Македонско-косовска бригада и Втора македонска бригада во Скопје. Несреќата се случила вечерва во 19:10 часот, а повредените со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во две болници.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во судирот учествувале автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 20-годишниот С. С., и „ауди“ со косовски регистарски ознаки, зад чиј волан бил 32-годишниот А. М. од Косово.






Повреди добиле возачот на „голфот“ и неговиот сопатник С. М. Двајцата биле пренесени во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде што им биле констатирани телесни повреди.

Повреден бил и возачот на „аудито“. Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што лекарите, исто така, му констатирале телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје. Засега, во доставените информации не се наведени причините за судирот.

Поврзани содржини