УЧЕНИЦИ ОД СКОПЈЕ НАПАДНАТИ ВО ОХРИД Се шетале со професорите

Инцидентот се случил ноќеска на улицата „Св. Климент Охридски“, додека учениците се движеле во група со своите професори. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

203

Повеќе лица физички нападнале неколку ученици од Скопје кои се движеле низ Охрид во придружба на своите професори.

Инцидентот се случил на улицата „Св. Климент Охридски“, а бил пријавен во полицијата ноќеска, на 15 октомври, во 1 часот по полноќ.






Учениците се движеле во група со своите професори кога биле нападнати од неколку лица. Полицијата работи на расчистување на случајот и утврдување на сите околности, по што против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини