РУСКИОТ ДИЗЕЛ НАСКОРО ПАТУВА ЗА САД Москва најави дека деновиве се потпишува првиот договор за извоз
Станува збор за договорот што го постигнаа американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во текот на викендот, а кој предизвика негативни реакции од министрите за надворешни работи на Европската Унија (ЕУ), бидејќи сметаат дека тоа го поткопува трансатлантското единство во време кога Русија ги интензивира нападите врз Украина.
Русија објави дека првите договори за испорака на дизел за Соединетите Американски Држави ќе бидат потпишани во наредните денови, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги ублажи санкциите за рускиот дизел.
– Сето ова ќе се случи во следните неколку дена. Ние сме во многу близок, речиси секој час контакт со американската страна и сè се случува многу брзо – изјави Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на Кремљ за економска соработка, според руските новински агенции.
Станува збор за договорот што го постигнаа американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во текот на викендот, а кој предизвика негативни реакции од министрите за надворешни работи на Европската Унија (ЕУ), бидејќи сметаат дека тоа го поткопува трансатлантското единство во време кога Русија ги интензивира нападите врз Украина.
Според договорот што Трамп го објави на социјалните мрежи, Москва веднаш ќе пушти 300.000 тони дизел на американскиот и глобалниот пазар, дополнителни 500.000 тони во ноември, а потоа уште еден милион тони.
За да се овозможи спроведување на договорот, Вашингтон одобри широко ослободување од санкции за рускиот дизел до април 2027 година, што предизвика загриженост во Украина и меѓу нејзините сојузници.