БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ СО ИСТИ ЦЕНИ Поскапува само мазутот
Регулаторната комисија за енергетика одлучи цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство да останат непроменети, додека мазутот поскапува за 2,145 денари за килограм.
Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Единствено поскапува мазутот.
Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму ќе се продава за 98,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува 100,50 денари за литар.
Непроменета останува и цената на дизелот, кој и следната недела ќе се продава за 97 денари за литар.
И екстра лесното масло за домаќинство ја задржува досегашната цена од 108,50 денари за литар.
Од полноќ, цената на мазутот се зголемува за 2,145 денари за килограм, па новата цена ќе изнесува 51,742 денари за килограм.