АР ЏЕЈ МИТИ, ВОЛТЕР ВАЈТ ЏУНИОР ОД „БРЕЈКИНГ БЕД“, ПРОНАЈДЕН МРТОВ Таблоид тврди дека станува збор за самоубиство

Причината за смртта сè уште не е официјално соопштена од неговите претставници ниту од полицијата.

77

Американскиот актер Ар Џеј Мити ((RJ Mitte) познат по улогата на Волтер Вајт Џуниор во хит-серијата „Брејкинг бед“ (Breaking Bad), почина на 34-годишна возраст, пренесува магазинот ТМЗ (Thirty mile zone – TMZ).

Според овој американски медиум, смртта на актерот ја потврдил службеник од округот во Тексас каде што Мити починал во понеделникот, 12 октомври.






ТМЗ известува дека станува збор за самоубиство, додека надлежните органи продолжуваат да ги истражуваат околностите.

Мити се стекна со светска слава со улогата на Волтер Вајт Џуниор, синот на главниот лик што го толкуваше Брајан Кренстон. Тој се појави во 56 епизоди на „Breaking Bad“, серија што постигна огромна популарност ширум светот.

Покрај таа улога, тој глумеше во остварувања како „The Oak Room“ и „The Recall“, како и во серијата „The Guardians of Justice“.

Во приватниот живот, Мити се залагаше и за поголема застапеност на лицата со попреченост во филмската и телевизиската индустрија.

Актерот имаше блага форма на церебрална парализа, исто како и ликот што го толкуваше во серијата „Брејкинг бед“.

Поврзани содржини