ПОЛСКА НА ШТРЕК ПО ЗАКАНИТЕ ЗА АТЕНТАТ ВРЗ ПРЕМИЕРОТ ТУСК Итен состанок во Антитерористичкиот центар

184

Полското Министерство за внатрешни работи соопшти дека е закажан итен состанок во Антитерористичкиот центар при Агенцијата за внатрешна безбедност, откако полицијата добила информации за можни обиди за атентат врз премиерот и врз министерот за одбрана.

„Во врска со информациите добиени од полицијата за можен обид за атентат врз премиерот, како и врз вицепремиерот и министер за национална одбрана, министерот за внатрешни работи и министерот задолжен за координација на специјалните служби наредија преземање соодветни мерки“, објави на социјалната мрежа Икс портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Каролина Галецка.






Таа појасни дека на итниот состанок ќе учествуваат претставници на полицијата, Државната служба за заштита и Агенцијата за внатрешна безбедност.

Полска — членка на НАТО и на Европската Унија, која се наоѓа на источното крило на двата сојуза — се наоѓа во состојба на зголемена готовност по неколку напади со ладно оружје и обиди за напади што ги извршија малолетници и млади лица во основните и средните училишта од почетокот на учебната година во септември.

Полскиот премиер Доналд Туск во четвртокот ја осуди, како што ја нарече, „сеопфатната култура на насилство во светот“, која, според него, „стигна и во Полска“.

Поврзани содржини