ТРАМП РАЗМИСЛУВА ДА ГИ ПРЕИМЕНУВА АТЛАНТСКИОТ ИЛИ ТИХИОТ ОКЕАН Сака да го направи тоа пред истекот на неговиот мандат
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за можноста Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Трампов Океан“ или „Океан на Америка“ пред истекот на неговиот претседателски мандат.
„Размислував за преименување на Атлантикот или Пацификот. Треба да го направиме тоа пред да заминам“, изјави Трамп, пренесе „Вашингтон пост“.
За време на вчерашното обраќање пред гласачите во Кларксвил, во американската сојузна држава Тенеси, Трамп потсети и на својата иницијатива езерото Онтарио да биде преименувано во „Езеро Америка“, за што во септември веќе потпиша соодветна наредба. Езерото Онтарио е дел од системот на Големите Езера и се наоѓа на границата меѓу Соединетите Американски Држави и Канада.
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека неговата земја ќе продолжи да го користи досегашното име на езерото.
Трамп претходно наведе и дека неговата администрација размислува за преименување на Ормуска Теснина, која, според неговата замисла, исто така би го носела неговото име.