КАЗНА ЗА РОНАЛДО ПО НАПУШТАЊЕТО НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА Му се заканува суспензија до шест месеци

Капитенот на Португалија е привремено суспендиран по напуштањето на репрезентативниот камп по несогласувањето со селекторот Жорже Жезус. Според правилникот, можно е да добие суспензија од еден до шест месеци и парична казна од 500 до 1.000 евра.

44

Кристијано Роналдо е привремено суспендиран од Португалската фудбалска федерација, која поведе дисциплинска постапка против капитенот на репрезентацијата поради напуштање на кампот на националниот тим.

Фудбалерот на Ал Наср го напуштил репрезентативниот камп по несогласување со селекторот Жорже Жезус околу неговата улога во тимот и времето што требало да го помине на теренот.






Роналдо претходно се извини за својата постапка и призна дека заслужува да сноси последици затоа што ги оставил соиграчите. Тој истакна дека е подготвен да ја прифати казната што ќе ја одреди федерацијата.

Дисциплинската постапка е означена како итна, а Роналдо е привремено суспендиран додека трае разгледувањето на случајот. Конечната одлука за санкцијата сè уште не е донесена.

Според правилникот на Португалската фудбалска федерација, неоправданото напуштање на обврските кон репрезентацијата може да биде казнето со суспензија од еден до шест месеци, како и со парична казна. Висината на евентуалната конечна санкција за Роналдо ќе биде позната по завршувањето на дисциплинската постапка.

Роналдо ќе биде во репрезентацијата веќе во ноември

Веднаш по објавената вест за суспензија на Кристијано Роналдо од Фудбалската федерација на Португалија, стигна најава дека тој брзо ќе се врати во националниот тим. Претседателот на ФФ на Португалија, Педро Проенса порача дека сите во репрезентацијата сите сакаат да го видат капитенот повотрно во дресот на репрезентацијата.

– Федерацијата, селекторот и фудбалерите се согласни дека го сакаат Кристијано повторно во тимот, а верувам дека повторно ќе биде во тимот – изјави Проенса.

Тој истакна дека и самиот Роналдо сакал враќање.

Според правилникот за казни на Роналдо му следува суспензија од еден до шест месеци, како и парична казна од 500 до 1.000 евра.

И самиот Роналдо е подготвен да се врати во репрезентацијата.

Поврзани содржини