ЗАЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ НУДЕШЕ БАНКА, РУДНИК, ТЕЛЕВИЗИЈА, ТЕЛЕКОМ И КАБЕЛСКИ ОПЕРАТОР Претходната влада беше подготвена да продаде сè

Такви работи договараше Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, од Димитар Ковачевски, каде што министер за здравство беше и Венко Филипче, и затоа сега се во состојба во каква што се, рече вицепремиерот Александар Николоски.

5

Владата на СДСМ прифати сè што побара Бугарија, дури договараа и продажба на 5 приватни македонски компании. И затоа сме во оваа позиција, рече заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

– Во 2022 година СДСМ сè ѝ прифати на Бугарија, им даде празен лист на Бугарите, Бугарите си напишаа што сакаат и овие го потпишаа. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на Христијан Мицкоски не се договараше во пакет, и тоа не знам како затоа што се работи за приватни компании, на Бугарија да се продадат една национална телевизија, еден телеком оператор, една банка, еден рудник и еден кабелски оператор. Ние такви работи не договаравме, ниту договараме. И тоа Бугарија го правеше затоа што виде дека на другава страна има сервилна влада која што е спремна да продаде сè. Такви работи договараше Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, од Димитар Ковачевски, каде што министер за здравство беше и Венко Филипче – истакна Николоски во интервју за Радио Лидер.






Суштинската разлика, како што потенцира Николоски, е тоа што, СДСМ ги продаваше националните интереси и затоа граѓаните ги казнија на изборите.

– Тоа е суштинската разлика помеѓу нас и нив. Ние мора да се концентрираме на овие работи затоа што мора да знаеме како сме стигнале до овде. Ние не сме стигнале до овде затоа што сме се разбудиле едно утро и немаме попаметна работа, па ајде сега ќе се расправаме со соседите, туку затоа што на другата страна имаше политичка структура која што единствено и само ја интересираше да ги наполнат џебовите и да ја дувнат и затоа сега се во состојба во каква што се. Народот во 2024 година јасно кажа. ВМРО-ДПМНЕ доби 58 пратеници, заедно со коалицијата, со Вреди и со ЗНАМ, СДСМ доби 18 пратеници. СДСМ е бетониран на горе-долу оваа бројка на пратеници што ги има сега. Може да се еден-два пратеника минус или еден-два плус, ако имаат малку повеќе среќа на изборниот ден. Природно е во секоја европска држава опозицијата да расте, а СДСМ не расте, тоа значи дека има проблем – рече Николоски.

Поврзани содржини