📽️ 📷 КУЧЕТО ОД СКОПЈЕ ГО ОСВОИ СВЕТОТ Странските медиуми полудеа по снимката од „Тоше Проески“

Краткиот прекин на натпреварот Македонија – Шкотска поради куче се претвори во глобална спортска атракција, а снимки и фотографии од сцената објавија „Sky Sports“, „Тhe Sun“, „The Athletic“, „ESPN FC“, „BBC Sport Scotland“ и низа медиуми од Европа и регионот.

304

Македонија доби необичен „главен јунак“ на натпреварот против Шкотска – кучето кое во саботата вечерта влета на теренот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, за само неколку часа стана хит на странските медиуми и социјалните мрежи.

Во моментот кога Шкотска веќе водеше со 1:0 со голот на Керон Боуви, во раната фаза од натпреварот на теренот се појави неочекуваниот гостин. Кучето без никаква паника и очигледно сосема опуштено прошета по тревникот, додека фудбалерите се обидуваа да го насочат кон аут-линијата.






Македонскиот репрезентативец Себастијан Ерера се обиде да го смири и отстрани кучето, но тоа во еден момент забрза и му побегна, по што самоиницијативно го напушти теренот. Прекинот траеше кратко, а играта продолжи.

Сцената, сепак, не заврши со неговото заминување од стадионот. Напротив – снимките веднаш почнаа да се шират на интернет, а кучето од Скопје за кратко време стана една од најсподелуваните сцени поврзани со натпреварот Македонија – Шкотска.

Меѓу првите што го издвоиле моментот е „Sky Sports“, кој во својот извештај го означи како „инвазија на теренот“, со напомена дека куче влетало на теренот во првото полувреме.

Британскиот „The Sun“ објави посебен текст за необичната сцена, опишувајќи како кучето го прекинало натпреварот и како фудбалерите се обидувале да го отстранат од теренот. Медиумот ги пренесе и шегите на коментаторите, меѓу кои и споредбата со „Скуби Ду“.

Неговиот шкотски огранок, „The Scottish Sun“, исто така посвети посебен текст на кучето, нарекувајќи го моментот бизарна сцена од натпреварот во Скопје и истакнувајќи дека играта била кратко прекината.

И „Daily Record“ извести за „кучешката инвазија“ на теренот и прекинот на натпреварот во Скопје.

Сцената не помина незабележано ниту кај „The Times“, кој во својот извештај од натпреварот го споменува кучето како краток, но комичен прекин на средбата.

Приказната стигна и до „Yahoo Sports“, кој ја објави сцената како необична „инвазија“ на теренот, а истата содржина ја пренесе и „OneFootball“.

Посебен текст објави и „Football Ground Guid“, со наслов посветен токму на кучето кое го прекинало натпреварот  Македонија – Шкотска. Медиумот го пренесе и коментарот на Би-би-си дека не е често да се гледа „кучешка“ инвазија на теренот.

 

Од регионот, сцената ја објави босанскиот „N1“, кој напиша дека во десеттата минута куче втрчало на теренот и го привлекло вниманието на играчите и навивачите, додека Ерера се обидел да го смири неочекуваниот гостин.

Српскиот „Sportal.rs“ отиде чекор подалеку со насловот „Македонците не ги спаси ни куче какво ретко се гледа на фудбалските терени“, а во текстот ја објави и снимката од кучето на теренот.

И грчкиот „Ѕport-FM“ објави посебна сторија, опишувајќи го кучето како разигран гостин кој влегол на теренот и привремено го прекинал натпреварот.

Грчкиот спортски портал „SDNA“ исто така ја издвоил сцената како посебна вест и го опишал кучето како „симпатичен напаѓач“ кој го прекинал натпреварот.

Интересот стигна и до Исланд, каде што „Fotbolti.net“ објави текст за кучето кое истрчало на теренот во Северна Македонија, а притоа ја искористи и објавата на „The Athletic“ со снимката од моментот.

На француски јазик сцената ја објави „Foot Mercato“, додека украинскиот спортски медиум „Terrikon“ ја претстави како необичен „четириножен куриозитет“.

Приказната стигна и до косовскиот портал „Gazeta Express“, кој на англиски објави дека на натпреварот во Скопје се појавил „непоканет гостин“ – куче кое влегло на теренот.

Но, можеби најдобар показател за тоа колку брзо се прошири сцената е фактот што снимката ја презедоа и големи спортски профили на социјалните мрежи.

„ESPN FC“ објави видео од моментот на платформата „X“, опишувајќи го кучето како „крзнен натрапник“ кој накратко го прекинал натпреварот. Објавата беше пренесена и во текстовите на повеќе странски медиуми.

И „The Athletic Football“ го објави видеото, со коментар дека кучето очигледно не било воодушевено од водството на Шкотска и дека набргу потоа влетало на теренот на „Тоше Проески“.

 

Снимката ја објави и „BBC Sport Scotland“, која го означи моментот со опис за необичната „кучешка инвазија“ во Скопје.

На социјалните мрежи моментот го сподели и „Kalshi FC“, додека профилот „Anthony Brown“ објави видео со опис дека „натрапник на теренот“ го прекинал натпреварот. И двете објави се пренесени и во странски медиумски текстови.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sport Klub (@sport.klub)

Сцената ја објави и профилот „Oracle Seven“, со шеговит коментар за тоа „кој го носи кучето да ја гледа Македонија против Шкотска“.

Интересот е дополнително засилен и од фотографиите. Агенцијата „Reuters“ има професионална фотографија од моментот на која се гледа Себастијан Ерера како реагира на кучето на теренот во Скопје, со авторство на фотографот Огнен Теофиловски. Фотографијата е заведена како материјал од натпреварот во Лигата на нации.

Така, додека Шкотска од Скопје си замина со победа од 2:0, а головите ги постигнаа Керон Боуви и Џон Мекгин, една сосема друга сцена од натпреварот се покажа како глобално највирална.

Кучето не постигна гол, не доби жолт или црвен картон и не одигра ниту една секунда официјален фудбал – но успеа да стане еден од најпрепознатливите „учесници“ на натпреварот.

Од Скопје до Лондон, Глазгов, Атина, Белград, Сараево, Париз и други делови од Европа, снимката од кучето продолжува да се шири, претворајќи ја необичната сцена од „Тоше Проески“ во една од најсимпатичните приказни од овој натпревар.

На профилот minister.za.ai на Инстаграм е објавено и видео-монтажа со вештачка интелигенција, во која кучето е прикажано како да дава изјава по влегувањето во игра. Во видеото е поставен микрофон пред кучето, кое се врти кон него и со синтетизиран глас вели: „Абе овие 10 утакмици немаат гол дадено, па викам дај ако нѐ јас ќе влезам и ќе збрцам еден гол. Налет веќе!“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Minister za AI (@minister.za.ai)

Поврзани содржини