📷🎥 КУЧЕ ВЛЕЗЕ НА ТЕРЕНОТ ДОДЕКА ИГРАА МАКЕДОНИЈА И ШКОТСКА Првото полувреме заврши со водство на Шкотска

Пред почетокот на натпреварот капитенот на македонската репрезентација Енис Барди со подарок дрес му го честиташе 100-тиот настап во дресот на Шкотска на колегата од спротивниот табор Енди Робертсон.

239

Првото полувреме од фудбалскиот натпревар од Лигата на нациите меѓу  Македонија и Шкотска ќе се памети по кучето кое се појави на теренот на стадионот во Скопје. Настанот ги изненади, но и ги насмеа  фудбалските фанови.

Случката стана вирална на социјалните мрежи, а информации околу неа објавија и странските медиуми.






Снимката предизвика и голем број коментари.

Шкотска води со 1-0 по првото полувреме на гостувањето во Скопје со голот на Киеран Боуви во 7-ма минута.

Шкотите имаа уште неколку шанси за 2-0, но Муслиу и Димитриевски спречија наша поголема негатива.

Селекторот Гоце Седлоски не беше задоволен од случувањата на теренот, па веќе во 30-та минута ги извади од игра Лука Станковски и Себастијан Ерера кои веројатно се почувствуваа понижени на јавна сцена.

Пред почетокот на натпреварот капитенот на македонската репрезентација Енис Барди со подарок дрес му го честиташе 100-тиот настап во дресот на Шкотска на колегата од спротивниот табор Енди Робертсон.

Поврзани содржини