БУГАРИЈА ЌЕ ДОБИЕ КОСКИ АМА НЕ ЗНАЕ ДАЛИ СЕ ОД САМОИЛ Не е направена ДНК-анализа

Според Милко Палангурски, професор по историја на Трновскиот Универзитет, целата акција е лошо подготвена и „пандорината кутија е отворена“.

130

Бугарија не направи ДНК-анализа на посмртните останки што ќе бидат донесени во Бугарија за да се потврди дали му припаѓаат на цар Самуил, а целата акција не беше добро подготвена, ниту пак е направен каталог и студија за артефактите што ќе ѝ бидат вратени на Грција – рече историчарот проф. Милко Палангурски од Трновскиот Универзитет во емисијата „Здраво, Бугарија“ на бугарската Нова.тв.

– Она што го знаеме е дека цар Самуил и неговото семејство се погребани на островот Свети Ахил, но не е направена ДНК анализа за да се утврди со сигурност дека коските што ќе ги добиеме му припаѓаат на цар Самуил – рече проф. Палангурски.






Според него, операцијата за враќање на останките на средновековнио владетел не била добро подготвена.

– Враќањето на коските е прашање на голема дипломатија. Пандорината кутија е отворена. Проблемот овде не е што враќаме, туку што нема список и никој не знае колку и што е тоа – рече Палангурски.

Тој додаде дека овие артефакти што Бугарија ќе ги врати во Грција „се скриени речиси 112 години“ и нагласи дека нема информации за нив во Бугарија. Историчарот рече дека ова е многу важно прашање кое не трпи импровизации.

Поврзани содржини