ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат разумен рок за враќање на партијата на членството

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ преку нејзината страница на Фејсбук објави дека Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги поднеле нивните предлози за промени во СДСМ.

207

Платформата 12.05 денеска во архивата на СДСМ ги достави предлозите за структурни промени во партијата.

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ преку нејзината страница на Фејсбук објави дека Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги поднеле предлозите.

„Се надеваме дека овие предлози ќе стигнат на адресата на оној кој може да ги разбере. Во интерес на иднината на партијата и државата е во разумен рок да се преземат конкретни чекори за враќање на партијата на членството. На хистеријата одговараме со предлози, на инертноста со конкретна акција, на безидејноста со прецизен план“, напишаа од Платформата на Фејсбук.

Од СДСМ преку соопштение во кое се потсмеваат и ги навредуваат членовите на Платфромата потврдија дека во партијата стасале нивните предлози.

Поврзани содржини