РАЧНА БОМБА НАЈДЕНА ВО ДОМ НА СКОПЈАНЕЦ Претрес во Гази Баба заврши со апсење

Претресот бил извршен со судска наредба, а рачната бомба била пронајдена и одземена од полицијата. Осомничениот е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветна пријава.

36

Рачна бомба кашикара била пронајдена при полициски претрес во дом на 33-годишен скопјанец на подрачјето на Гази Баба, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 19:35 часот го лишиле од слобода Б.С. (33) од Скопје.






Претресот во неговиот дом бил извршен врз основа на судска наредба, при што полицајците ја пронашле и ја одзеле рачната бомба.

Б.С. е задржан во полициска станица.

Поврзани содржини